НАШАТА КОМПАНИЈА
Примарна деjност на ДАКА МП ЛИФТ ДООЕЛ – Скопjе е монтажа и сервисирање на сите видови лифтови, лифтовски платформи и ескалатори.
Процесот на изведба на една лифтовска построjка поминува низ голем броj фази. За секоjа одделна фаза е потребен стручен и образуван, со еден збор компетентен кадар. Секоj дел од нашиот тим е посветен на извршувањето на своjот дел од проcесот да биде на високо професионално ниво.
Набавката и монтажата на еден лифт започнува од продажбата на опремата. Нашите комерциjалисти ги согледуваат потребите на инвеститорите, препорачуваат наjсоодветна опрема за секоj поединечен обjект и ги договараат сите детали на идната соработка.
По дефинирањето на сите технички детали, проектантскиот тим jа реализира проектната задача според наjновите стандарди и прописи преку кои се обезбедува максималната безбедност, економичност и функционалност на новиот лифт.
Според изведената проектна документациjа, секторот за набавка врши нарачка на соодветна квалитетна опрема од реномирани добавувачи од неколку европски земjи. Квалитетот и реномето на произодителите jа гарантираат навремената подготовка и испорака на опремата, како и за максималниот кавалитет на завршниот комплетен продукт – лифт коj ќе ги задоволи сите технички и безбедносни барања на инвеститорот и овластените институции пред пуштањето во редовна експлоатациjа.
По извршената набавка, опремата се складира во нашиот магацин и се распоредува, испорачува и транспортира на обjекти според претходно направена динамика заради квалитетно и навремено извршување на работите прилагодено на соодветната динамика на обjектот и барањата на инвеститорот.
Лифтовските компоненти на обjекти ги вградуваат стручните и искусни монтерски екипи. Монтажата се врши според барањата на коминтентите, меѓутоа и со максимално почитување на сите важечки прописи и стандарди. По завршувањето на целосната монтажа на опремата, испитувањето на комплетната постоjка од страна на овластено инспекциско тело и обезбедувањето на сите потребни пратечки документи кои го придружуваат лифтот во текот на експлоатациjата, лифтот се предава во редовна употреба.
Од тоj момент, грижата за неговото беспрекорно и безбедно функционирање jа презема нашата сервисна служба. Нашите сервисери jа вршат редовната месечна контрола, сервисирање и одржување на секоj лифт поединечно заради обезбедување на сигурноста на корисниците, но и сведување на поjава на дефекти на наjниско можно ниво. Меѓутоа, доколку сепак се поjави определен дефект, нашата мобилна сервисна служба во секоj момент е подготвена во наjкус можен рок да го отстрани и да го оспособи лифтот за понатамошна употреба. Нашите искусни сервисни екипи ги одржуваат сите типови на лифтови од нашата програма, но исто така и опремата без оглед на годината на производство.
По определен животен век на компонентите на лифтот, се jавува потреба од делумна или целосна модернизациjа и извршување на ремонт на постоjката. Овие реконструкции и адаптации се вршат со претходно обезбедување на детално техничко решение прилагодено кон наjновите стандарди, но и кон финансиските можности на инвеститорите во постоечките, наjчесто по неколку децении стари обjекти. Горе наведените активности кои ги извршуваат нашите вработени од сите сектори, придонесуваат кон нашата краjна и секогаш мотивирачка цел – еден од наjважните уреди во секоj обjект и во исто време превозно средство кое наjчесто се користи во текот на денот, секогаш да биде во функциjа и максимално безбедно. Од друга страна, нашата цел е освен еднаш во текот на еден календарски месец контрола и сервис, корисниците што поретко да ги гледаат нашите сервисери во своите обjекти. Како резултат на оваа посветеност на вработените, нашите лифтови, платформи и ескалатори се со многу мал броj дефекти и застои и во секое време функционални и безбедни на големо задоволство на сите наши коминтенти.
Соработката со многу задоволни коминтенти и компании меѓу кои се: Жикол – Скопjе, Хотел Панорамика Скопjе, Елена Лука HОМЕ, Хотел Cар Самуил – Струмица, Италекс Инжентеринг – Скопjе, Европа АД – Скопjе, се само доказ за безпрекорна и професионална соработка и секогаш навремена услуга од страна нашиот стручен тим.
